Министерот за здравство, Беким Сали, викендов изјави дека се намалува пикот на четвртиот бран, но, за евентуално олеснување на ковид-мерките, порача дека треба 70 отсто од населението да е имунизирано
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 7.595
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие регистрирани се вкупно 668 нови случаи на ковид-19 од направени 3 974 тестирања.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 340, Битола – 43, Куманово и Струмица – по 33, Охрид – 30, Прилеп – 23, Тетово – 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево – по 15, Гевгелија – 11, Струга и Богданци – по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе – по 8, Ресен и Дебар – по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 2, Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Прилеп (80г, 80г и 81г), 2 починати лица од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последното деноноќие регистрирани се и 887 оздравени пациенти.
Вчера министерот за здравство, Беким Сали изјави дека се намалува пикот на четвртиот бран, но, за олеснување на ковид-мерките, рече дека треба 70 отсто од населението да е имунизирано.