На 10 овој месец, од Владата соопштија дека Забрчанец веќе не е секретар за комуникации и јавни политики во рамки на канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија и на негово место е назначена Ана Андреева
Владата на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
На 10 овој месец, од Владата соопштија дека Забрчанец веќе не е секретар за комуникации и јавни политики во рамки на канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија и на негово место е назначена Ана Андреева.
Од Владата соопштија дека останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата.