На ваков чекор швајцарската влада се реши поради тоа над 90 отсто од населението има имунитет – од вакцините или од прележување на болеста, па поради тоа властите не очекуваат оптоварување на здравствениот систем

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада.
До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата.
Укинувањето на мерките ќе стапи во сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања.
„Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен, и покрај сè уште високото ниво на циркулација на вируси“,
пишува во владиното соопштение.
Според изјави од официјални здравствени лица, повеќе од 90 отсто од швајцарските граѓани стекнале имунитет од коронавирусот, бидејќи или го прележале или биле вакцинирани против оваа инфекција.
Во наредните десетина дена укинување на речиси сите рестрикции ќе има и во Холандија. Претходно тоа го направија и Шведска и Данска, а најави има и до властите во Велика Британија, Белгија.