Од Стејт департментот не дадоа детали за нивниот најнов разговор

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска имаше нов телефонски разговор за украинската криза со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.
По нивниот последен разговор во саботата, „тие се согласија да останат во контакт“, рече висок функционер на Стејт департментот.
Претставникот на Стејт департментот не даде детали за нивниот најнов разговор.
Разговорот следува откако денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека некои војници кои беа распоредени на границата со Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите.
Од НАТО, пак, се огласија дека повлекувањето на руските трупи не претставува деескалација. Генералниот секретар, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата очекува посилен знак на деескалација од најавата за повлекување на војниците во и околу Украина.