Меѓу другото, во реакцијата на СДСМ, од Мицкоски побараа јавно да сподели што сè било тема на разговор со бугарскиот премиер Петков за време на неговата работна средба во Скопје, затоа што како што велат во соопштението „особено поради тоа што Христијан Мицкоски едно зборува во јавноста а друго на официјалните средби“
ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да вклучи свои претставници во петте работни групи со Бугарија но тие јавно одбија да учествуваат, реагираат од Социјалдемократскиот сојуз, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Дојче веле“ изјави оти досега немало сериозни понуди од власта за вклучување на опозицијата во преговорите со Бугарија.
„Наместо да се вклучи во важни процеси од интерес на нашите граѓани и државата и активно да придонесе во барањето решенија за отворените прашања, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да седат на страна“,
велат од СДСМ.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Дојче веле“ истакна оти засега не добиле сериозни понуди од СДСМ за нивно вклучување во работните групи со Бугарија, но додаде оти е подготвен за разговори за секое прашање, но, како што потенцира, само доколку сите заеднички се согласиме дека мора да ги зачуваме нашите идентитетски линии и стратегиски интереси.
Меѓу другото, во реакцијата на СДСМ, од Мицкоски побараа јавно да сподели што сè било тема на разговор со бугарскиот премиер Петков за време на неговата работна средба во Скопје, затоа што како што велат во соопштението „особено поради тоа што Христијан Мицкоски едно зборува во јавноста а друго на официјалните средби“.