Забрчанец останува во Владата и во наредниот период ќе биде ангажиран за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка
Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата секретар за комуникации и јавни политики во рамки на канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија, соопштија од прес-службата на Владата.
Андреева ја презема оваа функција од досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.
Во соопштението се наведува дека Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг-агенциите и во граѓанскиот сектор.
Забрчанец останува во Владата и во наредниот период ќе биде ангажиран за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка.