Во врска со историските прашања тој истакна дека тие „треба да бидат мост кон иднината, а не да претставуваат раздор“
Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „200“ на ТВ Алсат, зборувајќи за ситуацијата со Бугарија, истакна дека „се отворени теми за кои досега не се разговарало“.
„Се договоривме со премиерот Петков да отвориме теми кои досега не беа отворени, како економијата, трговијата, културата. Работните групи веќе даваат резултати. Морате да комуницирате со некого доколку сакате да решите отворени прашања. Мора да ја вратиме довербата меѓу граѓаните, а да не се обвинуваме како што беше во еден период преку пропагандисти“,
изјави Ковачевски.
Во врска со историските прашања тој истакна дека тие „треба да бидат мост кон иднината, а не да претставуваат раздор“, додавајќи дека постои можност паралелно да течат преговорите и со Софија и со Брисел.
„Конечното решение треба да биде одржливо и базирано на европски вредности, да не се изгуби достинството. Лично според мене постои простор и двата процеси да бидат паралелни, со што и двете страни да не бидат незадоволни, меѓутоа треба став и од другата страна. Има прашања за кои се разговара и има прашања за кои не се разговара. Јас сум за брзо решение, но не сум за избрзано решение“
нагласи Ковачевски.