Во соопштение објавено на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ се проценува дека 30 години по Студената војна, Алијансата продолжува да го проширува опсегот на операции
Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ.
Во соопштението се проценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува опсегот на операции, блок-политика и конфронтации, а тоа не придонесува за глобалната безбедност и стабилност.
Пекинг, исто така, смета дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.
„Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, историите и културите на другите земји“,
се додава во соопштението.
Претседателите на Кина и на Русија, Си Ѓинпинг и Владимир Путин потпишаа заедничка изјава за време на состанокот во Пекинг на 4 февруари и изразија незадоволство од натамошното проширување на НАТО.