Погледнете го новото магазинско издание на емисијата ,,360 степени” емитувано на 7 февруари 2022 г. на ТВ Алсат
Во емисијата:
-Како реагира градоначалникот на Студеничани соочен со наодите на државните ревизори дека спровел тендер кој бил поништен, а се делеле и надоместоци за седници на Советот кои воопшто не се одржале;
-Зошто Данела Арсовска не го тужи СДСМ за наводите дека има бугарско државјанство, како што најавуваше; Законскиот рок помина;
-Предистрага за случајот „купи евтино – продај поскапо на ЕВН Електрани“: дали претресот во станот на О.Т. е потрага по „мозокот“ на шемата;
-Суспензија на ДУП-от за ШИК Јелак во Тетово – градоначалникот Касами вели дека и покрај интересот на граѓаните за брза постапка, ќе се води сметка и за законитоста;
-Нова „Саботажа“.