Мажот кој вчера со автомобил влета во карневалската поворка во германскиот град Фолкмарсен и притоа повреди 52 лица, вклучувајќи меѓу кои 18 деца, тоа го сторил намерно, потврди полицијата.
Возачот е уапсен, но полицијата не можеше веднаш да соопшат детали за мотивите за насилниот упад на прославата во градот, што се наоѓа на 280 километри југозападно од Берлин.

„Работиме врз претпоставката дека станува збор за намерен напад“, рече портпаролот на полицијата Хенинг Хин, наведувајќи дека меѓу повредените има и такви со повреди кои се загрозувачки по живот, како и деца.
Според портпаролот на полицијата, возачот на автомобилот кој влета во карневалската поворка бил 29-годишен германски државјанин, јави ТВ Хесенесау.
Портпаролот на јавното обвинителство во Франкфурт изјави дека возачот и самиот е повреден поради што не можел да биде испрашан.
Франфуртер алгемајне цајтунг“ објави дека сребрениот „мерцедес“ запрел дури 30 метри откако влетал во поворката.
Полицијата во Хесен соопшти преку Твитер дека сите карневали во оваа сојузна држава се откажуваат како мерка на претпазливост.
Вчерашниот инцидент следува по минатонеделниот вооружен напад во градот Ханау, кога напаѓачот во два кафе барови уби девет лица, по што изврши самоубиство. Овој напад беше оквалификуван како тероризам поради ултрадесничарските ставови на напаѓачот.