Продлабочување, проширување, поддршка на РСМ за влез во ЕУ – да, но на сметка на бугарската историја и националниот интерес – не, вели бугарската вицепремиерка и претседателка на БСП
Нема конфликт меѓу мене и Кирил Петков на темата за Република Северна Македонија (РСМ), бугарската вицепремиерката Корнелија Нинова, во одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција за „Експо 2020 Дубаи“, пренесува МИА.
„Имаме коалициски договор на Владата. Тој го содржи нашиот заеднички став за РСМ, а тоа е дека треба да се спроведе Договорот за добрососедство и соработка, да се спроведе Декларацијата од 44. Собрание, да запре говорот на омраза, да не се злоупотребува бугарската историја, да не биде на сметка на националниот бугарски интерес. Ова го пишува во договорот на бугарската Влада, чиј дел сме и ние и го исполнуваме напишаното во документот“,
рече Нинова, која е и претседателка на БСП.
Вицепремиерката додаде дека има надградба на ова со работни групи на различни теми, што според неа е добро.
„Продлабочување, проширување, поддршка на РСМ за влез во ЕУ – да, но на сметка на бугарската историја и националниот интерес – не“,
рече вицепремиерката.
Таа одби да коментира за односите меѓу премиерот и претседателот.
Во одговор на друго прашање, Нинова рече дека работата на историската комисија е запишана во Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и РСМ. Не е прифатливо еднострано да се поставува ова прашање, истакна Нинова во врска со објавеното во медиумите за предлог на копретседавачот со Комисијата, Драги Ѓоргиев, за замрзнување на нејзината работа, пренесува МИА.