Комисијата за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик РТ Германија да емитува програма во земјата наведувајќи дека нема дозвола за емитување
Русија воведе забрана за германскиот меѓународен радиодифузер Дојче веле, ја затвора неговата канцеларија во Москва и ќе им ги одземе акредитациите на новинарите од тој медиуми, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва.
Потегот на Москва е одмазда за вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ-канал РТ Германија (RT DE). Кремљ ја критикуваше наредбата како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“.
Комисијата за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик РТ Германија да емитува програма во земјата, наведувајќи дека нема дозвола за емитување.
РТ, поранешна Раша рудеј – се емитува на меѓународно ниво на шест јазици и тврди дека нејзината програма на германски јазик придонесува за различноста на мислењата во Европа. Во меѓувреме, критичарите ја обвинуваат РТ дека е гласноговорник на Кремљ и се користи за ширење пропаганда и дезинформации.
Дојче веле или ДВ е германски државен 24-часовен информативен канал финансиран од федералниот даночен буџет. Се емитува програма на германски, англиски, шпански и арапски јазик.