„Во Албанија ситуацијата се проценува многу внимателно“ истакна албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, додавајќи оти е премногу рано да се прогласи победа над пандемијата со коронавирусот
Вакцинирано е 56 отсто од населението во Албанија, рече албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, но истакна оти е премногу рано да се прогласи победа над пандемијата со ковид-19 и додаде дека ситуацијата е под лупа.
„Рано е да се прогласи победа или да се ослабнат мерките. Во Албанија ситуацијата се проценува многу внимателно. Имаме над 18 000 активни случаи. Врз база на проценки на ситуацијата ќе се носат одлуки“,
рече таа.
Што се однесува до вакцинацијата на популацијата над 16 години вакцинирани се 56 отсто од оваа популација со една и две дози, а според неа досега аплицирани се 2,6 милиони дози вакцина
Манастирлиу рече дека нема податоци за тоа колку бустер дози биле дадени и дека тоа допрва треба да се процени. Дополнително, Експертскиот комитет ќе ја разгледа должината на изолацијата потребна за опцијата Омикрон, додаде таа.