Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека очекува бранот од сојот омикрон врвот да го достигне кон средината на февруари
Со 208 498 новозаразени лица во последните 24 часа Германија денеска ја надмина бројката од 10 милиони вкупни инфекции од почетокот на пандемијата.
Како споредба, на 2 јануари беа регистрирани 12 515 нови случаи.
Со новите бројки е поставен рекорд и во седумдневна инциденца од 1227,5 случаи на 100 000 жители, во време кога многу заразниот сој омикрон се шири низ земјата.
Бројот на починати во последното деноноќие се зголеми за 196 и сега има вкупно 118 170.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека очекува бранот од сојот омикрон врвот да го достигне кон средината на февруари.
Тој ја спомена и можноста за олеснување на мерките кон крајот на февруари или почетокот на март, доколку ситуацијата остане под контрола.