На крајот на декември дневната бројка на новозаболени беше околу 20 000
Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Турција денеска надмина 100 000, за првпат од почетокот на пандемијата. Според податоците на Министерството за здравство, во таа земја во изминатите 24 часа се потврдени 102 601 случај со ковид.
На крајот на декември дневната бројка на новозаболени беше околу 20 000, но од тогаш почна да расте. Како последица на инфекцијата починале 198 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 87 000.