Наместо во мај 2022 се поместува за јануари 2023 година
Светското првенство во пливање, кое се организира во Фукуока, Јапонија повторно е одложено, од мај 2022 за јануари 2023 година, поради состојбата со пандемијата и мерките што во моментов се на сила во Јапонија, соопшти денеска Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Во почетокот тоа беше планирано за летото 2021, но прв пат се одложи откако Олимписките игри во Токио беа поместени од 2020 во 2021 година.
Како последица на тоа, следното Светско првенство, во Доха, ќе се одржи во јануари 2024 година, шест месеци пред почетокот на Олимписките игри во Париз, додаде ФИНА.