Соединетите Американски Држави денеска ја обвинија Русија дека таа планира да го зголеми военото присуство во сојузничка Белорусија до 30 000 војници, во рок од неколку недели, и покрај зголемувањето на бројот на војниците од Москва на границите на Украина.
„По распоредувањето на околу 5 000 војници во Белорусија, „видовме докази дека Русија има намера да го прошири тоа присуство на повеќе од 30 000 војници во близина на границата со Белорусија“ со Украина во почетокот на февруари“,
изјави американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд пред Советот за безбедност на ОН.
Томас-Гринфлинд во своето излагање потенцирала и дека тие сили би биле „помалку од два часа северно од Киев“.
Иако САД постојано предупредува дека Русија подготвува воена инвазија над Украина, официјална Москва редовно го повторува ставот дека „Русија не планира војна“.