Италијанските медиуми јавуваат дека човекот за кој се претпоставуваше дека го проширил вирусот во земјата е негативен
Бројката на заразени од коронавирусот во Италија расте од час во час. Досега од опасниот вирус починаа седум лица, сите на постара возраст.
Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ јавува за уште една – седма жртва на коронавирусот. Во болницата Комо починал 62-годишен маж, за кој се наведува дека напредокот на болеста го забрзале хронични кардиоваскуларни и бубрежни тегоби.

Медиумите во Италија јавуваат дека човекот за кој се претпоставуваше дека го проширил вирусот во земјата е негативен. Објавени се и нови податоци според кои до вечерва околу 18 часот бројката на заразени достигнала до 222, од кои 101 се хоспитализирани, 27 се на интензивна нега, а 94 се во домашна изолација.
Од цивилната заштита порачуваат дека е важно дека сите нови случаи се во т.н. црвена зона, односно дека болеста не се шири надвор од „досегашните граници“.