Тоа значи дека ЕСМ ќе ја откупува целокупната произведена струја од страна на ТЕ-ТО
Владата денеска на седница одлучила за уште два месеци (февруари и март) да ја продолжи мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство односно од ТЕ-ТО АД Скопје.
Одлуката е донесена во согласност со планот за производство на ЕСМ.
„Донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ’ТЕ-ТО‘ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година“,
соопштија од Владата.
Тоа значи дека ЕСМ ќе ја откупува целокупната произведена струја од страна на ТЕ-ТО.