Станува збор за две криминални групи кои вршеле шверц на дрога на територијата на Венето
Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.
„Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиона евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана“,
пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.
Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето.
Во истрагата биле опфатени вкупно 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија.
Photo: EPA-EFE/ANGELO CARCONI / Архива