Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од ОЈО.
Според овие информации, осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со својата 11-годишна сестра, па врз неа извршил полови дејствија.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Според ОЈО, судијата го прифатил предлогот и со решение на осомничениот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.