Ќе се инвестираат 11 милиони евра и освен што ќе се гради нова зграда од 1 200 квадратни метри, ќе се набават нови радари, нова опрема за комуникација, нов АТМ систем
Преку 11 милиони евра ќе се инвестраат во модернизација на навигацискиот систем во М-НАВ, со цел да се овозможи поефикасно работење на Конторлата на летање и за поефикасен авиосообраќај во земјата.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и менаџерскиот тим на М-НАВ денеска најавија дека прв пат по 25 години започнуваат подготовки за изградба на нов објект за потребите на М-НАВ.
Ќе се инвестираат 11 милиони евра и освен што ќе се гради нова зграда од 1 200 квадратни метри, ќе се набават нови радари, нова опрема за комуникација, нов АТМ систем.
Директорот на АД Македонска навигација, Хамиди вели дека ова ќе придонесе за зголемување на нашите капацитети и за модернизација на институцијата, бидејќи безбедноста при летањето е врвен приоритет.