Во новата влада, Артан Груби останува прв вицепремиер, а останати вицепремиери се и Славица Грковска, Фатимир Битиќи, Бојан Маричиќ и Џемаил Чупи

Вицепремиерката Славица Грковска во новата влада на Димитар Ковачевски нема да биде задолжена за борба против корупцијата, како што беше Љупчо Николовски во претходната влада на Зоран Заев.
На денешната прва конститутивна седница, по вчерашниот избор на Владата, таа е именувана за заменик-претседателка на владата задолжена за политики и добро владеење.
Николовски, пак, од кого таа денеска ја презема функцијата, според описот на работното место, беше задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.
Артан Груби остана прв вицепремиер и министер за политички системи, исто како и Фатмир Битиќи кој и во новата влада ќе биде вицепремиер задолжен за економски прашања.
Бојан Маричиќ, на седницата е именуван за вицепремиер за европски прашања, на местото на Никола Димитров, а Џемаил Чупи од Алтернатива е назначен за вицепремиер задолжен за дијаспора.