Договорот за соработка во областа на фитосанитарната и ветеринарната инспекција и безбедноста на храната, кој е дел од иницијативата „Отворен Балкан“, стапи во сила на 3 јануари, а денеска од Македонија беше испратена првата пратка со кондиторски производи и печива без задржување на граница
Во првите два дена од спроведувањето на Договорот за соработка во областа на фитосанитарната и ветеринарната инспекција и безбедноста на храната во Западен Балкан, една пратка храна од Западна Македонија и Албанија влезе во Србија во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, изјави за Танјуг Иван Томашевиќ, раководител на Граничната фитосанитарна инспекција.
„Договорот стапи во сила на 3 јануари, а вистинските ефекти ќе бидат видливи за неколку дена. Вчера ги имавме првите две пратки храна од растително и мешано потекло, кои без задржување беа пуштени во земјава. Првата пратка е свежо овошје и зеленчук од Албанија која дојде до нашиот царински пункт во Врање, каде што извршивме увид и дозволивме увоз без земање примероци и анализи. Втората пратка е од С Македонија и се состои од кондиторски производи и печива, исто така беше контролирана во Врање и беше пуштена без дополнителни анализи“,
рече Томашевиќ.
Тој додаде дека и двете пратки, согласно Договорот, биле придружени со потребните лабораториски анализи од земјите на потекло.
Нагласи дека со новата постапка значително се скратува времето на задржување на стоката на граничните премини, бидејќи стоката се анализира во земјата на потекло, без дополнителни контроли на границата.
„Само лабораториските анализи траат два до три дена, а со оваа постапка нема доцнење и пратката може автоматски да се пушти во промет по наша контрола, тоа е многу важно во случајот со свежата храна, бидејќи таа го губи квалитетот со секој час“,
нагласи Томашевиќ.
Српскиот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство Бранислав Недимовиќ претходно денеска изјави дека според новиот режим на гранична контрола, првите три пратки со стока од животинско потекло од Србија вчера биле испратени во Македонија.
„Првите три пратки од секторот за стоки од животинско потекло од Србија во вторник заминаа за Северна Македонија без да чекаат на граничните премини, со што Србија го означи почетокот на имплементација на Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, потпишан во Тирана во декември, како дел од иницијативата Отворен Балкан“,
рече Недимовиќ .
Тој посочи дека „Отворен Балкан“ во однос на прехранбениот сектор е ставен во функција со полн капацитет и дека сега постои систем на рани најави.
„Тоа значи дека за оние кои сакаат да испратат некоја стока од Албанија во Србија, постои наша посебна платформа каде што шпедитерот еден ден претходно најавува што ќе пристигне, а ние автоматски му издаваме електронска потврда дека влегува во државата“,
изјави Недимовиќ.
Тој кажа дека целосната размена меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија во прехранбениот сектор е околу 420 милиони долари и оти верува дека со рушење на пречките за неколку години ќе достигне до милијарда долари размена.
Според него, Србија во Северна Македонија и Албанија најмногу извезува пченица, пченка, брашно, сончогледово масло, кое се извезува во неверојатно големи количини, како и млечни производи, додека од Македонија најмногу се увезува грозје и вино, и како што наведе, „не толку домати како порано.“