Новиот претседател на СДСМ а од утре и мандатар за новата влада, Димитар Ковачевски, вечерва имаше интервју за телевизијата Сител. Меѓу прашањата на кои од него беше побаран одговор беа имаше и такви кои се однесуваа на внатрешните прилики во владејачката СДСМ но и за неговите планови како иден премиер.

На прашањето, по кои карактеристики ќе биде различен од неговиот претходник Зоран Заев, Ковачевски одговори дека тој ќе се посвети повеќе на економијата и внатрешната политика, за разлика од големите прашања на кои се фокусирал Заев.
„Тешко е да зборуваш за разлики. Премиерот Заев беше фокусиран на решавање на големите прашања од значење за државата, да не заборавиме дека заради тие големи и тешки одлуки што беа донесени денес сме членка на НАТО и сме на чекор до почнување преговори со ЕУ. Таа посветеност во решавањето на тие прашања остави празнина во раководењето и менаџирањето на внатрешната и економската политика во државата, односно менаџирањето на кадрите, така што јас повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната политика во државата“,
рече Ковачевски.
Ковачевски изјави и дека во последниот период не разговарал со поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски и дека сите разговори за новото раководство ги водел сам.
„Во партијата сум 30 години и со сите сум имал одлична соработка и искуство“,
наведе Ковачевски.
На гостувањето на Сител, Ковачевски доби прашања и за спорот со Бугарија. Кажа дека историјата не може да биде единствена тема на разговор меѓу двете држави.
„Со Бугарија треба да разговараме и за иднината, иднина преточена во инвестициски проекти, во инфраструктурни проекти, во економска и културна соработка. Тоа ќе ги зближи граѓаните а ќе донесе и економски придобивки за граѓаните, преку зголемената економска соработка. Така што нормално е да разговараме на тие теми, нормално е да имаме стручни работни групи по тие теми“,
посочи Ковачевски.
За најавената временска рамка од страна на Бугарија, кажа дека дека решението треба да се бара преку европските вредности.
порача Ковачевски, додавајќи дека го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Скопје за да разговараат околу изнаоѓање начин за решавање на проблемот со соседна Бугарија.
„Разговорите треба да се водат во духот на европските вредности. Ние како држава имаме свои позиции изградени во Собранието, Бугарија исто така има изградено свои позиции и во рамките на европските вредности, почитувајќи го достоинството на двете држави сметам дека може да се најде решение и да ја почнеме првата меѓувладина конференција“,