Лукаревска најави дека ќе се формира посебно тело кое ќе се занимава со креирањата на нови политики, ставови и анализи
Пред почетокот на состанокот на Централниот одбор на СДСМ, кој веќе е во тек, поранешната потпретседателка на партијата, Сања Лукаревска, изјави дека во партијата ќе има профили на луѓе од сите сфери во општеството.
„Денеска ќе избереме потпретседатели, Извршен одбор. Ќе има профили на луѓе од различни сфери на општеството кои секако се добро познати на јавноста. Обединувачкиот момент е тој кој што ќе биде главен предзнак на целиот состав на Централниот одбор и сметам дека со освежен и унапреден и силно оперативен тим ќе постигнеме следни резултати“,
рече Лукаревска.
Лукаревска најави дека ќе се формира посебно тело кое ќе се занимава со креирањата на нови политики, ставови и анализи.Таа истакна и дека за владините кадри ќе се разговара на следниот ЦО по празниците, а додаде и дека заеднички го рамките на партијата ќе се носат сите понатамошни одлуки.