Тоа што интервенирале луѓе кои биле во близина спречило трагедија, вели министерот Венко Филипче за инцидентот на Клиниката за пулмологија во кој настана пожар откако пациент ја тргнал маската за кислород и запалил цигара.
„Ова е нешто што ни укажува дека сите ние сме одговорни. Имало пациент кој го извадил кислородот и запалил цигара. За среќа, имало луѓе блиску кои интервенирале и се спречила трагедија. Секој од нас треба да биде одговорен во однос на своите постапки“,
вели Филипче.
Пожарот во собата каде што бил пациентот настанал поради проток на кислород. Пациентот што ја запалил цигарата, вели Филипче, е единствениот кој се здобил со изгореници. Тојј е стабилен, а други повредени нема.
Од болничката соба, пак, е оштетен мал дел од подот.
Случајот вчера е пријавен и во полиција.