Неколку земјотреси денеска ја погодија Грција, од кои последниот кој беше регистриран вечерва беше со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е регистриран во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Последниот земјотрес беше четири часа по претходниот со интензитет од 5,2 Рихтер, исто така во морскиот дел југоисточно од Крит.
Регистриран беше и земјотрес со јачина од 4 степени, на планините западно од Атина, на 27 километри североисточно од градот Коринт.
Засега нема информации за материјална штета, ниту има информации за евентуални повредени.