Конгресот би се одржал на 27 март и Села очекува партијата пролетта да ја дочека со завршен конгрес и консолидирани партиски органи
Резулатите од локалните избори и подготвките за можни предвремени парламетарни избори биле дел од точките на Централното собрание на Алијанса на Албанците што се одржа денеска. Лидерот на партијата Зијадин Села изјави дека Алијанса на Албанците е отворена партија за критики и за дебата.

„Во Алијанса за Албанците се зборува отворено и се критикува отвоорено. Мислам дека секој член ја сфати добро лекцијата и при одржување на новиот конгрес ќе излеземе уште посилни“,
рече Села.
Според Села конгресот би се одржал на 27 март и очекува партијата пролетта да ја дочека со завршен конгрес и консолидирани партиски органи.
Тој рече дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател, барем не до одржувањето на Конгресот на партијата.
За оваа цел формирана е и комисија којашто ќе биде составена од актуелни пратеници, градоначалници, претседатели на Младинскиот форум на Алијанса за Албанците и од Унијата на жени како и по три члена од овие два партиски органи.

На Централното собрание тој рече дека како лидер има одговорност пред структурите и дека не може да ја остави партијата без претседател во ваков период на политички настани. Околу тоа дали повторно ќе се кандидира за прв човек на Алијанса, рече дека за тоа ќе одлучат партиските структури.
„Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставило партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го проголтам овој дел од одговорноста и да продолжам да бидат претседател на партијата сѐ до наредниот конгрес“,
рече Села.

Коментирајќи го новиот владин состав на чело со Димитар Ковачевски како мандатар, Села го повтори ставот дека владината коалиција можеби има уставно право за формирање нова Влада, но нема легитимитет.
„Ковачевски не може да има никаков легитимитет, поради самиот факт што токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет нема ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со само едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години, со промовирање фигури и импровизирање владини состаноци. Алтернатива не може да има легитимитет, бидејќи заедно со Алијанса за Албанците доби мандат да направи промени во албанското општество“,
рече Села.
