Талибанците го зазедоа Кабул на 15 септември и ја презедоа власта во Авганистан, а на почетокот на септември го објавија составот на привремената влада
Талибанците забранија да се слуша музика во автомобилите, како и жените да не можат да се возат без хиџаб.
Авганистанското Министерство за исламска ориентација издаде пишана препорака до возачите да не вклучуваат музика и да не примаат во возилата жени без хиџаб.
Талибанците го зазедоа Кабул на 15 септември и ја презедоа власта во Авганистан, а на почетокот на септември го објавија составот на привремената влада.
Оттогаш донесоа повеќе одлуки кои се насочени кон ограничување на права кои се нормални во демократски земји.
Една од првите беше дека засега само момчиња ќе посетуваат средни училишта, а професорите ќе бидат исклучиво мажи.
Потоа им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а на работа можат да одат само оние кои не можат да бидат заменети со мажи.