Во синоќешните контроли во угостителски објекти во Битола биле затекнати четири лица без ковид-сертификати, информираа од СВР Битола.
Акциските контроли се спроведувале во периодот од 22:30 до 00:30 часот, на подрачјето на Полициската станица Битола, а освен гости без ковид-пропусница, било регистрирано и служење алкохол на малолетници.
„Во кафе бар на булевар „1 Мај“ во Битола, констатирани се неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалаци на 17 малолетници“,
соопштија од СВР Битола.
Инспекциските служби изрекле соодветни санкции.