Хероинот бил спакуван во девет пакувања кои лицето ги носело во ранец, информираат од Министерството за внатрешни работи
Триесет и седумгодишно лице од Гостивар синоќа било лишено од слобода, откако во неговиот рацен полицијата пронашла пет килограми хероин во вредност од околу 200 илјади евра.

„Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања“,
велат од МВР.
Од МВР додаваат дека хероинот е одземен, а против лицето во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.