Сметаме дека во овие останати две години има уште многу работи кои треба да се направат, но таа работа може со многу организација да биде завршена и конечно овој автопат да биде ставен во употреба, а да биде и безбеден за граѓаните кои ќе поминуваат по него, вели министерот за транспорт во оставка, Благој Бочварски

Министерот за транспорт и врски (во оставка), Благој Бочварски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборуваше за долгоочекуваниот автопат Кичево-Охрид, потенцирајќи го новоутврдениот рок за негово завршување – 31 декември 2023 година. Тоа беше направено неодамна од страна на Собранието.
Бочварски вели дека во изминатиот период интензивно се работело и биле решени бројни институицонални прашања од страна на Министерството за транспорт и врски.
„Во изминатите шест месеци, во Минисатерството за транспорт и врски направивме огромен напредок и огромен чекор, со што инстуционалните прашања коишто не тангираат нас, но и изведувачите за овој автопат да се изгради, ние ги завршуваме. Имавме 70 нови инфраструктурни проекти на 70 позиции на овој автопат, поради што мораше најпрво да бидат изработени основни проекти, па инфраструктурни проекти, па да продолжи избрадата. Тоа вклучува и ново зафаќање на земјиште, некаде ќе има дополнителна експропријација, некаде каде што станува збор за државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа. Ние веќе имаме одобрено 67 проекти, остануваат уште неколку кои ќе ги одобриме во наредните денови“,
вели Бочварски.
Министерот додава и дека новиот рок за финализирање бил одреден после повеќе разговори и консултации.
„Конечниот рок после повеќемесечни разговори и преговори го утврдивме на 31.12.2023 година. Сметаме дека во овие останати две години има уште многу работи кои треба да се направат, но таа работа може со многу организација да биде завршена и конечно овој автопат да биде ставен во употреба, но да биде и безбеден за граѓаните кои ќе поминуваат по него“,
нагласи Бочварски.