Се враќаат и маските на отворен простор, а на јавни места мора да се носат Ffp2 маски кои обезбедуваат поголема заштита
Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со ковид-19, забранувајќи и какви било новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти владата во Рим.
Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.

FOTO; EPA-EFE/CLAUDIO PERI
Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.
Новите мерки беа објавени на денот кога Италија забележа безмалку 45 илјади нови случаи на коронавирус, што е зголемување за повеќе од 70 проценти за само една недела, бидејќи заразната варијанта омикрон почнува да се шири низ целата земја.