Нагорниот тренд особено се забележува кај увозните цени на енергијата, па така природниот гас е речиси четирипати поскап од пред една година, додека цената на нафтата и нафтените деривати е двојно зголемена
Увозните цени во Германија се зголемија за 24,7 отсто во ноември на годишно ниво, покажуваат податоците на Федералната статистичка служба (Дестатис), што е највисок раст на цените на увозот од октомври 1974 година.
Нагорниот тренд е особено силен кај увозните цени на енергијата, кои на годишно ниво се зголемија за 160 отсто. Природниот гас е речиси четирипати поскап од пред една година, додека цената на нафтата и нафтените деривати е двојно зголемена.
Во октомври годинава, пак, увозните цени се зголемија за 21,7 отсто на годишно ниво, a аналитичарите очекуваа нов пораст на цените во ноември, но не повеќе од 22,3 отсто.