Покрај „Астра Зенека“, и компанијата „Модерна“ објави дека работи на трета засилувачка доза која би била специјализирана да дејствува против сојот омикрон

Три дози од вакцината на Астра Зенека се ефикасни против сојот омикрон, објави денеска фармацевтската компанија повикувајќи се на податоци од лабораториско истражување на Универзитетот Оксфорд.
Истражувањето, кое допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажа дека нивоата на антитела против омикрон по засилувачката доза се значително повисоки отколку кај луѓето што го прележале ковид-19 вирусот.
По три дози на „Астра Зенека“ нивото на неутрализирачки тела против омикрон е слично на она што се создава против делта по две дози, соопшти компанијата.
Омикрон има потенцијал да стане најдоминантниот сој на коронавирусот во моментот, во многу земји започна масовна да се шири откако беше откриен во Јужна Африка, а многубројни држави воведоа посебни рестрикции и ограничувања за време на празничниот период само за да го спречат ширењето на сојот.
Покрај „Астра Зенека“, и компанијата „Модерна“ објави дека работи на трета засилувачка доза која би била специјализирана да дејствува против сојот омикрон, а претходно и од „Фајзер“ соопштија дека три дози од вакцината можат да дадат добра заштита од овој сој.