Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години
Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри итна употреба лекот на компанијата „Фајзер“ против ковид – „паксловид“, што е важна фаза во борбата против пандемијата, и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман.
„Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви“,
наведе Патриша Кавазони, претставник на ФДА.
Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција. Таблетата „паксловид“ ќе може да се земе дома и треба да спречи тешки форми на болеста.