Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Канал 5 вели дека со Бугаарија треба да се зборува за дигитализација, за вештачка интелигенција, за подобра економија, за туризам, а не за тоа што бил Гоце Делчев, за јазикот…
Ако некој нема волја да ја крене рампата, може да каже ајде скини го она највисокото јаболко што се наоѓа на дрвото. Тоа се игри без граници, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ги шансите за решвање на спорот со Бугарија во брзо време и со тоа одблокирање на евроинтграциите.
Тој смета дека треба да се зборува за дигитализација, за вештачка интелигенција, за подобра економија, за туризам, а не за тоа што бил Гоце Делчев, за јазикот…
„Тоа се работи за кои што нема сега добар соговорник кај мене. Јас не сум добар соговорник. Дали ќе се отворил Уставот, едно мало зборче Бугари. Па едно мало зборче нека додадат Македонци. Ако е толку мало“,
рече Мицкоски во интервју за Канал 5.
Во текот на емисијата тој рече дека неговата последна комуникација со Заев била поврзана со договорот со Бугарија, но одби да каже детали од неа.
„Па имавме една комуникација, кога се проструи во јавноста дека се преговара за спорот со нашиот источен сосед. Во таа комуникација, сега е непристојно јас детали да вадам, но генералната моја поента беше да не попушта на притисоците бидејќи македонскиот народ и македонската држава немаат веќе што да даваат, ниту пак што да губат. И дека тука сум јас, тука е и ВМРО-ДПМНЕ ако му треба поддршка во таа одбрана на македонскиот идентитет, дека му стоиме на располагање“,
истакна Мицкоски.