Последен пат во еден ден имаше толку многу смртни случаи, вакцинацијата беше на самиот почеток
Во Полска, 775 луѓе починале од ковид-19 во последните 24 часа, што е најмногу од оваа пролет кога беше забележан неславен рекорд на смртни случаи како последица од ковид.
Последен пат во еден ден имаше толку многу смртни случаи, вакцинацијата беше на самиот почеток.
Полското Министерство за здравство соопшти дека повеќето од починатите вчера се невакцинирани.
Од почетокот на епидемијата во Полска, околу 93 000 луѓе починале како последица на инфекција со коронавирусот. Вакцинирани се 54,8 отсто од населението.