Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје. Автобусот се движел на релација Скопје – Истанбул, а бил управуван од З.М. (56). Заплената е поради сомнеж дека е направен фалсификат по регистрација и по бројот на шасијата на возилото.
Воедно, поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт, известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторат за транспорт за постапување, соопшти МВР.
Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.
