Англија воведе повторно задолжително носење маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид- сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки
Велика Британија денеска, трет ден по ред, јавува за нов рекорден број на новозаразени коронавирусот, со 93 045 случаи регистрирани во последните 24 часа, покажуваат најновите податоци од здравствените власти.
Соочена со, како што го нарече премиерот Борис Џонсон „цунами“ на варијантата омикрон, поради што стравува од преоптоварување на здравствениот систем, Британија е меѓу најтешко погодените од пандемијата во светот.

Досега има 147 048 смртни случаи, од кои денеска се пријавени 111.
Денеска во болница има 7 611 пациенти, што е за 14 повеќе од претходниот ден, а на одделенијата за интензивна нега има 875 пациенти.
Досега, 89 отсто од лицата постари од 12 години примиле единечна доза од вакцината против коронавирус, 82 отсто примиле две дози, а 44 отсто се вакцинирани со три дози.
Англија воведе повторно задолжително носење маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид- сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки.