Најлош животен стандард во ЕУ имаат во Бугарија (39 отсто под просекот за ЕУ-27 ниво во 2020), а потоа следува Хрватска каде тој во 2020 бил за една третина (32 отсто) понизок од просекот во Европската унија, пишува во извештајот на Европскиот завод за статистика Евростат.
Бугарија е и со најнизок БДП по глава на жител – 45 отсто под просечното ниво за ЕУ-27.
„Евростат го мери стандардот на живот според вистинската индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку стоки и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците се на товар на државите или невладините организации“, забележува Европскиот завод за статистика.
Фактичката индивидуална потрошувачка (SIP) по глава на жител се изразува во стандардите за куповна моќ, вештачка валута која ги елиминира разликите во цените меѓу земјите.
Највисокиот стандард, пак, изразен во фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, е забележан во Луксембург, 45 отсто повисок од просекот на Европската унија.
Следат Германија и Данска, каде што овие вредности се изразени за 24 и 22 отсто повеќе од просекот, а потоа се Холандија и Австрија, со 17 и 16 отсто над европскиот просек.
Најблиску до просекот во однос на фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител во 2020 година беа Кипар, Италија и Литванија, каде стандардот беше околу четири отсто понизок од просекот на ниво на Унијата. Во Ирска беше 10 отсто пониско, а во Франција исто толку над просекот.
Photo: EPA-EFE/VASSIL DONEV