Како што може да се види од податоците за летот што го објавија медиумите, екипажот го сочинувале двајца пилоти и стјуардеса на авионот, а меѓу шесте патници имало и две деца на возраст од 4 и 13 години. Според тој документ, авионот летал за Орландо, а од компанијата наведуваат дека дестинацијата била Мајами
Девет лица, меѓу кои шест Американци, загинаа во уривање на авионот што требаше да полета од Санто Доминго до Флорида, соопшти авиокомпанијата Хелидоса.
„Хелидоса информира и жали за несреќата на нејзиниот авион на аеродромот Лас Америкас (во Санто Доминго) во која загинаа сите патници и членови на екипажот“,
се вели во соопштението.
Како што може да се види од податоците за летот што го објавија медиумите, екипажот го сочинувале двајца пилоти и стјуардеса на авионот, а меѓу шесте патници имало и две деца на возраст од 4 и 13 години. Според тој документ, авионот летал за Орландо, а од компанијата наведуваат дека дестинацијата била Мајами.
Медиумите пишуваат дека меѓу жртвите се и порториканскиот музички продуцент Хозе Анхел Хернандез, познат под прекарот „Flow La Movie“ и неговата сопруга.
Авионот „Галфстрим“ полетал од Санто Доминго и се обидел принудно да слета поради технички проблеми, пишуваат медиумите.