Дека новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пред голем предизвик да го врати единството, говори фактот дека кога Заев беше реизбран за претседател на СДСМ, во март годинава, на гласање излегоа околу 60 000 партиски членови. За само девет месеци, бројот на членови заинтересирани да гласаат се намали за една четвртина. Покрај Ковачевски, на единство повикаа и сопартијците, кои се осврнаа и на досегашното, но испратија пораки и до новото раководство.
Како помина изборниот ден во СДСМ, погледнете во видеото.