Со 489 гласа „за“, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ го реизбраа Христијан Мицкоски за претседател на партијата. На денешниот конгрес на опозициската партија учествувале 493 делегати, а гласале 492. Од нив, 489 присутни му дале поддршка на Мицкоски, а имало три неважечки ливчиња.

„Народот е нестрплив да слушне решенија за промени, за визија која нема да се претвори во лага, за поинаков пристап во политиката. Им се обраќам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите месни комитети, на сите унии… Подгответе се, нè чека многу работа, нè чека борба. Народот има очекувања и надеж од нас и мора да донесеме промени. Народот сака да види избор, опција на која ќе ѝ верува. Ние сме таа алтернатива и мора да направиме сè, за да бидат убедени дека може да се потпрат на нас. Не смееме да потфрлиме“,
вели Мицкоски.