Белгија беше првата земја која го потврди првиот случај на омикрон во Европа
Сојот омикрон се очекува да стане доминантен во почетокот на следната година, сметаат од белгискиот кризен штаб.
Омикрон засега опфаќа еден до два отсто од сите заболени од ковид во Белгија, но во текот на јануари или февруари идната година може да стане доминантен, изјави портпаролот на кризниот штаб, Стивен Вангихт.
Белгија беше првата земја која го потврди првиот случај на омикрон во Европа, а беше регистриран кај девојка што се враќала од патување во Египет, преку Турција. Сојот е детектиран и во училиште во Белгија, каде што не е идентификувано ниедно патување надвор од државата.