Од МВР велат дека откако ќе биде документиран случајот, против приведените ќе се поднесат и кривични пријави
Во полициска акција синоќа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ полицијата привела 17 лица кај кои биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Синоќа, во овој спортски центар се одржуваше главната вечер од фестилот „Таксират“.
Приведените се на возраст од 18 до 38 години и се од повеќе градови од земјава: Скопје, Гевгелија, Битола, Велес, Куманово Штип и Свети Николе. Меѓу приведените има и странски државјани: еден од Србија и тројца од Косово.
Петнаесет од лицата биле приведени во спортскиот центар во периодот од 22:30 часот синоќа до 2:50 часот утрината, а две лица (од Куманово и Косово), пак, биле приведени околу 21:30 часот на паркингот кај „Борис Трајковски.
Од МВР велат дека откако ќе биде документиран случајот, против приведените ќе се поднесат и кривични пријави.