Врз основа на податоците од Конзулатот, МНР соопшти дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците
За помалку од три месеци, над илјада наши државјани кои живеат во Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица.
Врз основа на податоците од Конзулатот, МНР соопшти дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците.
„Подобрувањето на услугите на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија преку базните и мобилните станици е еден од многубројните проекти на Министерството за надворешни работи за дијаспората“,
велат од МНР.
Вакви базни станица се поставени во повеќе дипломатско-конзуларни претставништва во светот. МНР во изминатиот период информираше за оние во Берлин, Берн и Њу Џерси.