Покрај овој случај, кочанчанецот заедно со уште двајца соучесници, исто така претставувајќи се како оџа, измамил и друга жена

Јавното обвинителство отвори постапка против 37-годишен маж од Кочани, кој силувал 9-годишно дете во стан во Гостивар, претставувајќи се како оџа.
„Мајката на детето го повикала осомничениот, кој се претставил како оџа, да пее и да го ‘лекува’ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето жртва во собата и притоа го принудил на други полови дејствија. Оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајка си. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција“,
се вели во соопштението на Обвинителството.
Покрај овој случај, Кочанчанецот и уште двајца соучесници, исто така претставувајќи се како оџа, измамиле и друга жена, која ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и на тој начин ги влечат магиите од неа и нејзиниот дом, а за услугата ѝ наплатиле 98 000 денари.
Жената го пријавила случајот, а за кочанчанецот е доставена предлог мерка притвор, додека за другите двајца соучесници обвинителството предложило мерки на претпазливост.