Рускиот лидер, исто така, рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите кои ја примиле вакцината „Спутник В“ слободно да патуваат, а ги има околу 200 милиони ширум светот
Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината „Спутник В“ бидејќи тој потег би бил суштински за зголемување на глобалните резерви, а со тоа Русија би можела да им излезе пресрет на другите земји испорачувајќи им бесплатни вакцини.
„Одобрувањето на ‘Спутник В’ од СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и може да го отвори патот за вклучување на вакцината во програмата Ковакс, во чии рамки агенцијата на ОН и клучните партнери испраќаат вакцини против Ковид во десетици земји низ светот, зависно од потребите“,
изјави Путин.
Рускиот лидер, исто така, рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите кои ја примиле вакцината „Спутник В“ слободно да патуваат, а ги има околу 200 милиони ширум светот.
Путин, кој постојано повторуваше дека вакцинацијата треба да остане доброволна и покрај зголемувањето на бројот на инфекции во Русија, нагласи дека властите користат „убедување, а не притисок“ и оти се борат со „предрасудите и митовите кои предизвикуваат аверзија кон вакцинацијата“.
Руската вакцина исто така е на проценка и во Европската агенција за лекови, каде се уште и Синовак“ , француско-британската „Sanofi / GlaxoSmithKline (GSK)“ и француската „Валнева“.
